Шеик од Катар заинтересиран за купување на Интер
Катарскиот шеик Јасим Бин Хамад Ал Тани и дефинитивно се откажа
од купување на Манчестер Јунајтед и сега може да се насочи кон
кушување на клуб во Италија.
Ал Тани се обидуваше да го купи Манчестер Јунајтед од семејството
Глејзер и понуди 5,5 милијарди фунти, но не успеа во намерата.
Актуелните сопственици на Интер и натаму имаат голем долг кон
фондот „Оуктри“, па се спремни да го продадат клубот.
Катарците не се откажуваат од намерата да инвестираат во европски
фудбалски гигант и се спремни да понудат 1,2 милијарди евра за
комплетно купување на миланскиот гигант.