Шелви на чекор до потпис со Нотингем Форест

Медиумите од Англија пренесуваат дека фудбалерот на Њукасл, Џонџо Шелви, е многу блиску до премин во Нотингем Форест.

Тренерот на Нотингем, Стив Купер, ја потврдил информацијата дека 30-годишниот играч за врска се наоѓа на лекарски прегледи во клубот.

Оваа сезона Шелви одигра само три натпревари во Премиер лигата, и имаше договор со Њукасл до претстојното лето. Англискиот фудбалер го носи дресот на Њукасл од 2016, и за црно-белите има одиграно 202 натпревари и постигнато 18 гола.