Шеста по ред крводарителска акција на Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа
На 25.05.2022 (среда) од 9 до 13 часот трите битолски фирми Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа, по шести пат организираат крводарителска акција. Од организацијата на овие фирми ги повикуваат своите вработени, како и сите граѓани кои сакаат да даруваат крв, да дојдат во канцелариите на Евротип, кои се наоѓаат во населбата Кланица, од страната на реката Драгор и да учествуваат во акцијата.
После реализацијата на крводарителската акција, собраните крвни единици ќе бидат дистрибуирани во Трансфузиологија при Клиничката болница во Битола.
Досега овие три фирми во рамки на изминатите пет крводарителски акции, успеале да соберат над 150 крвни единици, што е рекорден број на дарување на крв, а ваквите акции продолжуваат и понатаму.
На оваа крводарителска акција како општествено одговорни компании се приклучуваат СН Финансии и ЈК Травел.