Шести пат Сон е азиски фудбалер на годината

Напаѓачот на Тотенхем, Хјун-Мин Сон, ја доби наградата за најдобар азиски фудбалер за 2022 година. Јужнокорејецот зад себе ги остави напаѓачот на Порто, Мехди Тареми и играчот на Ал Хилал, Салем Ал-Даусари.

Сон не ја има својата најдобра сезона, но минатата година стана најдобар стрелец во Премиер лигата заедно со Мохамед Салах.

Напаѓачот се повреди, но успеа да се опорави за да учествува на Светското првенство во Катар, каде Јужна Кореја ја помина групната фаза и испадна во осминафиналето по поразот од Бразил.