Шест француски навивачи ја направија најголемата грешка на ЕУРО!

Леон, Жоел, Дидие, Мануел, Жак и уште еден Леон. Тоа се шест француски навивачи, колеги од ИТ компанија, кои ќе останат запаметени по најголемата грешка направена на ова ЕУРО.

Откако два часа лутаа низ градот во кој допатуваа да ја гледаат својата репрезентација на ЕУРО, ја сфатија грешката. Не стигнаа во Будимпешта, туку во Букурешт!

Приказната би останала целосно непозната доколку не беше новинарот Ади Мунтеану, кој воочи шест машки лица без навивачки обележја на терасата полна со украински навивачи.

Ги запраша дали се од Киев, а тие му одговорија: „Ние сме Французи.“ Потоа, новинарот ги запраша дали ја поддржуваат Украина, но нивниот одговор не беше потврден.

„Не, не навиваме за нив, по грешка дојдовме во овој град. Требаше да одиме за Будимпешта и да го гледаме натпреварот Унгарија – Франција.“ – порачаа тие.

Најбизарниот детал од целата таа приказна е што тројца од нив имаа дури и авионски карти за Будимпешта, па не е јасно како, и покрај тоа, сите шестмина завршија во Букурешт.