Шефот на Ферари му се извини на Шарл Леклер
Шефот на Ферари, Фредерик Васер, потврди дека му се извинил на Шарл Леклер за недоразбирањето меѓу него и луѓето од боксот за време на квалификациите за Големата награда на Монако.
Леклер заврши на третото место во квалификациите но, беше казнет со три места затоа што го задржа Ландо Норис во тунелот во третиот дел од сесијата.
Во целата ситуација тимот е виновен за тоа бидејќи луѓето од боксот не го предупредија Леклер за движењето на Норис.