Шејн Ларкин потпиша за Фенербахче

Фенербахче и официјално го претстави Шејн Ларкин како свое ново засилување.
Американецот со турски пасош, кој во изминатите осум сезони настапуваше за Анадолу Ефес, потпиша двегодишен договор со турскиот клуб.
По завршувањето на Универзитетот во Мајами, во 2013 година беше избран како 18. пик на НБА-драфтот од Атланта Хокс, а потоа настапуваше за Далас Маверикс, Њујорк Никс, Бруклин Нетс и Бостон Селтикс.
Првото европско искуство го имаше во Басконија, каде веднаш се наметна како еден од најдобрите плејмејкери во шпанското првенство.
Во 2018 година се пресели во Анадолу Ефес, каде што ја изгради својата легендарна репутација.