Шеј втор пат по ред е МВП во НБА-лигата

Шеј Гилџис-Александер е МВП на НБА лига и втора сезона по ред ја освојува најпрестижната индивидуална награда во најсилната кошаркарска лига во светот.

Во текот на сезоната, Гилџис-Александер бележеше просек од 31.1 поени, 4.3 скока и 6.6 асистенции по натпревар, со импресивен индекс од 30.5.

Минатата сезона канадскиот бек имаше уште подобар поентерски просек од 32.7 поени, а идентични бројки во скокови и асистенции.

Со ова признание, Шеј Гилџис-Александер стана 14-тиот кошаркар во историјата на НБА кој успеал да ја освои МВП наградата во две последователни сезони.

Покрај него, финалисти за наградата беа и Виктор Вембањама од Сан Антонио и Никола Јокиќ од Денвер Нагетс.