Шик во Леверкузен до 2030 година

Бундеслигашот Баер Леверкузен и напаѓачот на оваа екипа Патрик Шик ја продолжија нивната соработка.
Чешкиот репрезентативен напаѓач потпиша нов договор со клубот до 2030 година. Претходниот договор на Патрик Шик со Баер Леверкузен беше важечки до 2027 година.
Минатата сезона, Шик постигна 21 гол на 31 натпревар во Бундеслигата, станувајќи втор најдобар стрелец во првенството.