Шик ја откри „тајната“ за историскиот погодок
Херојот на победата на репрезентацијата на Чешка над Шкотска беше Патрик Шик. Напаѓачот ги постигна двата погодоци во победата на својот тим, а со вториот испиша историја, постигнувајќи го од 45 метри.
„На секој противник му е тешко кога игра против Чешка, имаме многу играчи кои на теренот се многу вредни. Шкотска е жесток ривал, но ние бевме подготвени за нивната тактика.“ – рече Шик.
Потоа, фудбалерот на Баер Леверкузен откри како успеа да го реализира овој неверојатен подогок.
„Видов дека голманот стои далеку од линијатаа. Уште во првото полувреме забележав дека има таква навика и знаев дека таква ситуација ќе се повтори. Пред шутот, погледнав каде стои.“ – рече напаѓачот.