Шифрин најбрза на првата трка во алпско скијање сезонава

Американската скијачка Микаела Шифрин победи на денешниот велеслалом возен во австриски Зилден со кој стартуваше новата сезона од Светскиот куп.
Американката двете трки ги заврши со вкупно време 2:07.22 минути, односно 14 стотинки побрзо од второпласираната Лара Гут-Бехрами. Третото место и припадна на Петра Влхова од Словачка која заостана 1,3 секунди.
Во првите десет место обезбедија уште и: Линзбергер (Австрија), Твиберг (Норвешка), Хроват (Словенија), Грение (Канада), Ворли (Франција), О’Брајан (САД) и Зиберхофер (Австрија).
Машката сезона ќе стартува утре, исто така во Зилден и исто така со трката во дисциплината велеслалом.