Шкендија го именува Беќири за нов шеф на стручниот штаб
Тетовска Шкендија денес го претстави својот нов тренер. По заминувањето на Ардијан Нухиу, тетовчани нешто помалку од еден месец беа во потрага по нов тренер, а на крај довербата му ja додоа на Јетон Беќири.
Младиот стратег денес и официјално беше претставен преку социјалните мрежи на клубот. Беќири двапати беше привремен тренер на Шкендија, а во македонската јавност е познат по големиот успех со Струга Трим Љум, која пред неколку сезони ја внесе во Првата македонска фудбалска лигата.