Шкендија и вторпат ја совлада Европа и закажа двомеч со Браво од Словенија

Победа и на вториот меч оствари тетовска Шкендија против Европа од Гибралтар, и се пласираше во 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции.
За разлика од првиот меч, кој Шкендија го доби со убедливи 5-0, вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ славеше само минимална победа од 1-0.
Стрелец на единствениот гол беше Ване Крстевски во 86. минута од средбата. Крстевски, кој влезе во игра нешто порано, се проби сам и си создаде шанса после која погоди прецизно во долниот десен агол од голот на гостинот, и така ја донесе победата.
Претходно шанса имаше и Зејнулаи кој ја погоди пречката од голот на Европа. Гостите од Гибралтар немаа ниту една посериозна закана по голот на Амзаи.
Во следното коло Шкендија ќе игра со словенечкиот тим Браво.