Шкендија најдобар македонски клуб на УЕФА-листата

Фудбалскиот шампион на Македонија, тетовска Шкендија, е најдобро рангираниот македонски клуб на најновата клупска ранг-лист која ја објави УЕФА. Тетовци се најдоа на 132. место на УЕФА клупската листа со 9.000 поени.
Втор најдоброрангиран македонски тим на УЕФА листата е Шкупи кој е рангиран на 274. место. Следуваат Вардар на 347. место, Силекс 355., Ренова 410., Работнички 411. и Струга 412. место.
Германскиот шампион Баерн е моментно најдобро рангиран европски клуб според УЕФА, а зад него во ТОП 5 се и Манчестер Сити, Ливерпул, Челзи и Барселона.