Шкендија падна од пенал, Карабах со предност се враќа од Скопје

Фудбалерите на Шкендија, прв пат се порзени сезонава во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Вечерва во Скопје, Шкендија загуби од Карабаг 0-1.
Клучниот момент се случи во 16.минута, кога по несмасниот старт на Вебстер врз Андраде, ВАР ја смени одлуката на главниот судија и гостите од Азербејџан добија пенал.
Најстрогата казна ја реализира Бајрамов.
Во првиот дел Карабаг имаше уште две добри шанси, а по голот на Карабаг два пати се закани капитенот на Шкендија, Ибраими.
Во второто полувреме во главните улоги беа голманите Геје и Кохалски, кои не дозволија публиката да види барем уште еден гол. Најдобрите шанси ги имаа Ибраими во 87.минута, од чиста позиција лошо биеше и Кохалски лесно го одбрани неговиот удар, а две минути подоцна Геје брилијантно го одбрани ударот на Зубир.
Реваншот на програмата е за седум дена во Баку. Победникот во плеј-офот ќе игра против Лудогорец или Ференцварош.