Шкендија по петти пат го освои шампионатот на Македонија

Со победата од 2-1 против екипата на Работнички, Шкендија и официјално е новиот фудбалски шампион на Македонија. Попладнево во Тетово во мечот од 31. коло тетовци славеа над Работнички и дојдоа до 4 бода предност пред Силекс на две кола до крајот на шампионатот.
Шкендија ја осигура петтата шампионска круна со оглед на тоа што има четири бода предност пред второпласираниот Силекс, а во следното коло треба да игра со екипата на Гостивар. Но, откако гостиварци се откажаа од шампионатот, Шкендија следното коло ќе добие службена победа од 3-0, поради што уште од сега е јасно дека веќе осигураа доволна предност за шампионска круна.
Во преостанатите денешни дуели, во вистинска драма во Струмица, Брера со пресврт славеше над Шкупи со 4-3, додека Тиквеш дома ја совлада Беса со 1-0.