Шкриниар останува примарна цел на ПСЖ
Пари Сент Жермен не се откажува од намерата да го доведе дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар, пренесуваат италијанските медиуми.
Словакот беше главна трансфер цел на ПСЖ во летото и „светците“ испратија неколку понуди, но сите беа одбиени од страна на Интер. Проблем за Интер е што Шкриниар влезе во последната година од договорот и веќе во јануари може слободно да преговара со заинтересираните клубови.
ПСЖ на дефанзивецот му нуди плата од 10 милиони евра по сезона, сума која Интер не може да си ја дозволи во моментов.
„Нероаѕурите“ му понудија 6,5 милиони евра по сезона и сега чекаат одговор на Скриниар, кој треба да донесе одлука дали ќе остане во Милано или ќе се пресели во Париз.