Шкупи атакува на титула, го промовираше новиот шеф на стручен штаб
Турскиот фудбалски стратег, Хасан Озер и официјално е нов шеф на стручниот штаб на Шкупи.
Македонскиот прволигаш ја потврди соработката со фудбалскиот работник кој има искуство во повеќе клубови од Турција како Газијантеп, Бурса, Ризе, Кајзери, а работеше и во Челик од Зеница во шампионатот на Босна и Херцеговина.
„Среќен сум што управата на клубот ми ја даде довербата да го предводам овој тим. Задоволен сум од тоа што го гледам за време на подготовките во Аланија. Доаѓам во Скопје со амбиција да ја освојам титулата. Знам дека Шкендија е најсилниот противник, но во фудбалот не постојат невозможни работи. Нашата втора амбиција е пласман во Европа.“ – изјави сега новиот тренер на Шкупи, Хасан Озер.