Шкупи го промовираше Гоце Седлоски за свој нов тренер

Гоце Седлоски е нов тренер на Шкупи. Клубот од Чаир и официјално го промовираше Седлоски за нов шеф на стручниот штаб. Очекувањата од Седлски се највисок пласман, а во клубот веруваат дека тоа може да го оствари. „Сакам да се заблагодарам на раководството, сопственикот и сите кои помогнаа да бидам тука. Разговаравме и во текот на зимата, но тогаш не се договоривме. Сега бил вистинскиот момент да дојдам во Шкупи. Амбициите ни се совпаѓаат. Знам дека клубот многу вложува, некои фудбалери ги познавам од времето кога бев во Вардар“, изјави Седлоски на промоцијата.