Шмит: Одигравме одличен турнир, само еднаш загубивме и елиминирани сме
Екипата на Бенфика не успеа да направи сензација со пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите. Португалците се елиминирани од Интер, но годинава резултатски беа еден од најдобрите тимови во најсилното европско натпреварување. Имено момците на Роџер Шмит на 14 натпревари во ЛШ имаа само еден пораз и тоа оној од Интер на домашен терен.
„На овој турнир се претставивме одлично, загубивме само еднаш во 14 натпревари. За жал, тоа беше многу важен натпревар. Не можевме да играме со иста концентрација и интензитет на домашен терен. Ми се допадна она што го видов денеска. Тимот веруваше во себе и не се предаваше, дури и кога имавме големо заостанување“, изјави главниот тренер на Бенфика.