Шок во Барселона, еден од најдобрите фудбалери тајно се оперирал!
Ансу Фати најверојатно ја заврши оваа сезона, бидејќи поради компликации со повредата на коленото мораше на нова операција. Оваа вест беше потврдена од лекарот Мигел Љобет, кој истакна дека Фати мораше на нова операција по болките во коленото. Тој доживеа повреда на менискусот на 7. ноември против Бетис, кога му беше предвидена пауза до март, но како што стојат работите, прашање е дали воопшто ќе се врати сезонава. Пред повредата, Фати беше најдобар фудбалер на Барса заедно со Меси, а на 10 натпревари постигна 5 погодоци и имаше четири асистенции. За потсетување, Барселона сезонава има доста проблеми со повреди, Кутињо се враќа дури во април, Серхи Роберто доживеа нова повреда и ќе паузира уште најмалку еден месец, додека Пике по тримесечна пауза треба да се врати овој месец.