Шон Дајч фаворит за наследник на Постекоглу

Поранешниот тренер на Барнли и Евертон, Шон Дајч, е фаворит да стане нов менаџер на Нотингем Форест во наредните денови, бидејќи сопственикот Евангелос Марананакис се обидува брзо да обезбеди замена за Анге Постекоглу.
Австралијанецот беше отпуштен во саботата, само 18 минути по поразот на Нотингем Форест од Челзи на домашен терен со 3:0, и би можел да му ја отвори вратата на Дајч да се врати во Премиер лигата.
Тој има врска со Форест, откако помина неколку години во младинските редови на клубот пред да започне професионална кариера во пониските лиги на Англија во 1990 година, без да се појави во првиот тим.
Тој сè уште има убави спомени од Сити Граунд, каде што тренираше со легенди како Рој Кин. Во неодамнешното интервју за Скај Спортс, Дајч рече:
„Рој и јас бевме во Форест. Понекогаш трчавме низ Нотингем, пиевме по неколку пива, како што правите по натпревар. Беа добри времиња, без сомнение. Тоа беа важни години за мене.“