Шоу на најмладите, Еурофарм Пелистер пресилен за Куманово

Првакот Еурофарм Пелистер без проблеми го совлада тимот на Куманово (19-43) во натпревар од машката ракометна Супер лига и ги прокнижи очекуваните бодови во финишот на регуларниот дел од сезоната.

Битолчани го играа овој дуел нецели дваесет и четири часа по дуелот со Висла во Лигата на шампионите, но фактот што средбата се играше на домашен терен и разликата во квалитет придонесоа за рутински шеесет минути во салата „Боро Чурлевски“.

Комбинираниот состав на Еурофарм Пелистер уште на полувреме водеше со 22-10, тренерот Алушовски можеше да комбинира и експериментира, а на крајот екипата постигна убедлива победа.

Радивојевиќ го предводеше победничкиот тим со 14 голови, додека Павле Атанасијевиќ беше зад него со осум погодоци

Следниот викенд стартува плеј-офот, а во него Еурофарм Пелистер ќе влезе од втората позиција.