Шо го повреди мускулот, Тен Хаг еден месец без бекот

Лук Шо ќе биде надвор од терените подолг период поради повреда на мускулот.
Според извори блиски до клубот, времето за опоравување за 28-годишниот Англичанец може да биде прилично долго. Манчестер Јунајтед се надева дека играчот ќе се врати на теренот за неколку недели, а не за месеци, како што објавија некои медиуми.
Шо одигра два натпревари од по 90 минути оваа сезона во Премиер лигата против Вулверхемптон (1-0) и Тотенхем (0-2) и треба да биде една од главните алки во дефанзивата на тимот на Тен Хаг.