Шпанецот Дани Олмо во јануари заминува од РБ Лајпциг?
Дани Олмо во јануари ќе го напушти Лајпциг.
„Барселона не планира да се откаже од Олмо и во зимскиот преоден рок ќе се обиде да го доведе. Планот на Барселона е да го позајми Олмо за вториот дел од сезоната, а потоа да го откупи неговиот договор во летото 2022 за 60 милиони евра“, пишува „Билд“.
Се наведува дека Барселона е прв избор за Олмо, но ако не успеат да пронајдат пари да го ангажираат тогаш шпанскиот репрезентативец би можел да се пресели во Англија. Целата ситуација околу Олмо ја следат Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, тврди Фалк.
Треба да се спомене дека пари од трансферот на Олмо ќе добие и Динамо Загреб кој се договори за одреден процент при неговата продажба во германскиот клуб.