Шпанецот Дениа е нов селектор на Чешка

Шпанскиот тренер Санти Дениа е назначен за нов селектор на Чешка, објави Чешката фудбалска федерација.

Тој потпиша двегодишен договор, со што стана првиот странец што ќе ја води репрезентацијата. Дениа замени Мирослав Кубек, кој ја напушти позицијата по неуспехот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико и елиминирањето во групната фаза.

Денија поголемиот дел од својата тренерска кариера го помина работејќи во помладите категории на Шпанија, каде што соработуваше со актуелниот тренер на европскиот и светски шампион, Луис де ла Фуенте.

Тој ќе го има своето деби на клупата на Чешка на 26 септември во Лигата на нации против Хрватска, а три дена подоцна ќе се соочи со Англија.