Шпанецот Мичел промовиран за нов тренер на Ајакс

Мигел Анхел Санчез Муњоз, во фудбалската јавност позната како Мичел, ќе го тренира Ајакс во следните две сезони, објавија од холендскиот великан.

Мичел доаѓа во Ајакс по пет незаборавни години во Џирона, го предводеше тимот до промоција во Ла Лига, потоа до историскиот пласман во Лигата на шампионите, но клубот неодамна испадна од елитната група, а 51-годишниот роден во Мадрид ја напушти клупата.

Претходно ги водеше Рајо Ваљекано и Уеска.

Ајакс зад себе има една од најслабите сезони во поновата историја на клубот, покрај катастрофалните резултати во ЛШ, во домашното првенство, дури преку плеј-офот, успеаја да обезбедат место на европската сцена.

Со победата над Утрехт, тие обезбедија место во Конференциската лига, третото најсилно европско натпреварување.