Шпанецот Рубен Селес ќе го води Саутемптон до крајот на сезоната
Англискиот премиерлигаш Саутемтон соопшти дека екипата до крајот на сезоната ќе ја води тренерот Рубен Селес.
Саутемптон минатата недела после само 95 дена, поради лоши резултати на екипата го отпушти тренерот Нејтан Џонс.
После отказот, тимот на натпреварот со Челзи на Стенфорд Бриџ, ја водеше тренерот Селес и успеа да оствари победа над големиот ривал со 1:0.
39-годишниот шпанскиот тренер претходно изјави дека сака да остане во клубот и дека е подготвен да биде прв тренер на екипата. Селес беше помошник тренер во стручниот штаб на Нејтан Џонс и Ралф Хазенхитл.
Неговата задача до крајот на сезоната ќе биди обезбедување на опстанок екипата во Премиер лигата.