Шпанецот Фабиан Руиз сон на Микел Артета

Фабиан Руиз минатото лето беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, а тој одлучи кариерата да ја продолжи во ПСЖ.

Шпанецот немаше добра сезона во Париз, но блескаше на Европското првенство, па го привлече вниманието на Арсенал.

Артета бара засилување за средниот ред и верува дека Фабиан Руиз би бил идеално решение.

„Топџиите“ веќе почнале преговори со ПСЖ, кој е спремен да го пушти Шпанецот доколку пристигне добра понуда.