Шпанецот Фернандез нов тренер на Бруклин

Екипата на Бруклин Нетс остана без место во плејофот, па и плејин фазата во оваа сезона и јасно е дека ќе има одредени промени во составот со тоа што веќе е решено најважното прашања, а тоа е тренерската позиција.

Жак Вон беше отпуштен на ол-стар паузата, па потоа екипита привремено до крајот на регуларниот дел беше водена од Кевин Оли. Денеска Бруклин го објави името на новиот предводниик кој доаѓа од Шпанија и неговото име е Жорди Фернандез.

Тој ќе биде првиот Шпанец тренер во најсилната лига на светот. Жорди веќе некое време работи во НБА или Џи-лигата, има искуство како асистент во Денвер Нагетс и Сакраменто Кингс од каде доаѓа во Нетс.

Воедно Фернандез е и селектор на Канада со која го освои бронзениот медал на СП кое минатата година се одржа во Индонезија, Филипини и Јапонија.