Шпанија, Португалија и Мароко ќе организираат и женски Мундијал

Шпанија ќе се кандидира, заедно со Португалија и Мароко, за организација на Светското фудбалско првенство за жени во 2035 година. Трите земји ќе бидат домаќини на машкиот Мундијал во 2030 година, а шпанската фудбалска Федерација (РФЕФ) со најавената кандидатура за организација на СП во женска конкуренција се обидува да го подобри својот имиџ во јавноста откако беше критикувана за неспортски скандали.

„Нема подобар начин да го подобриме нашиот имиџ од организирање на најголемиот спортски настан во светот, како што е Светското првенство. Во моментов работиме на тоа“, изјави претседателот на РФЕФ, Рафаел Лузан.

Шпанија, заедно со Португалија и Мароко, исто така ќе биде домаќин на Светското првенство за мажи во 2030 година во нов натпреварувачки формат, во кој првите натпревари во групната фаза ќе се играат во Уругвај, Аргентина и Парагвај во знак на сеќавање на 100-годишнината од првото Светско првенство, кое се одржа во Уругвај во 1930 година.