Шпанскиот судија го одби барањето на Реал Мадрид
Правниот предизвик на Реал Мадрид за новите барања на Ла Лига за пристап до медиумите е отфрлен од Националниот суд.
Судот утврди дека жалбата не се вклопува во рамките на кривичниот законик и ги исклучи кривичните дела поврзани со неправедна администрација. Судот, исто така, истакна дека жалбата на Мадрид дека новите мерки се дизајнирани специјално против него е тешко разбирлива бидејќи 19 други клубови од Ла Лига, иако некои од нив помали, се согласиле со нив во гласањето пред сезоната 2023/2024.
Да потсетиме, на почетокот на август се дозна дека Ла Лига го сменила принципот на распределба на средствата од ТВ правата. Конкретно, станува збор за распределба на 25% од вкупните приходи (околу 130 милиони евра), која ќе се базира на „социјална интеракција“.
Ова значи поотворен пристап за телевизиските камери, вклучително и во соблекувалните на клубот. За ова гласаа 21 учесник (20 клуба и самата Ла Лига), само Реал Мадрид беше против, а еден неименуван клуб беше воздржан.