Шпанскиот тениски ас Рафаел Надал, носителот на 22 гранслем титули, нема да учествува на Отвореното првенство на САД во тенис.
„Здраво на сите, пишувам за да ве информирам дека решив да не учествувам на УС Опен оваа година. Имам прекрасни спомени поврзани со ова место. Ќе ми недостигаат енергичните вечерни сесии во Њујорк на теренот „Артур Еш“, но мислам дека овојпат нема да можам да дадам 100% од себе. Ви благодарам на сите мои фанови од САД, ќе ми недостигате многу. До скоро видување“, објави Надал.
Отвореното првенство на САД оваа година ќе се одржи од 26 август до 8 септември.