Шпанско и германско дерби во осминафиналето на ЛШ

Градското дерби Реал – Атлетико ќе се одигра во осминафиналето во Лигата на шампионите, одлучи ждрепката во Нион.

Осминафинални двојки::

ПСЖ – Ливерпул
Клуб Бриж – Астон Вила
Реал – Атлетико
ПСВ – Арсенал
Феенорд – Интер
Баерн – Баер Леверкузен
Борусија Дортмунд – Лил
Бенфика – Барселона

Натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се одиграат на 4/5. и 11/12. март, четвртфиналните пресметки се на 8/9. и 15/16. април, полуфиналните дуели ќе се одиграат на 29/30. април и 6/7. мај. Големото финале е на Алијанц Арената во Минхен на 31 мај.