Шпанците поставија „нереален“ рекорд против Шведска

Шпанија на натпреварот против Шведска (0:0) имаше 953 додавања, што е најмногу на европските првенства откако од 1980. година се води и таа статистика.

Швеѓаните имаа вкупно 180 додавања. Само во првото полувреме „Фуријата“ имаше 419 додавања, а Шведска само 59. Во првото полувреме, Лапорт имаше 62 додавања, Торес 61, а Алба 60, додека сите 11 стартери за Шведска имаа вкупно 59. Тимот на Луис Енрике имаше и повеќе од 80 отсто од поседот на топката.

„Не не интересира премногу колку додавања имаа. На крајот, се работи само за постигнување голови.“ – рече дефанзивецот на Шведска, Виктор Линделоф додавајќи: „Мислам дека станаа доста фрустрирани. Имаа голем посед, но што подолго траеше играта, беа уште пофрустрирани, што беше добро за нас.“

Шпанската репрезентација во текот на натпреварот имаше 17 удари кон голот, што е најмногу за нив без постигнат погодок на ЕП и СП уште по 2010. година и натпреварот против Швајцарија. Тогаш, Шпанците имаа 25 удари, но не го совладаа швајцарскиот голман.