Штип УГД доби холандски ривал во одбојкарската ЛШ

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД ќе игра против холандскиот претставник Орион Старс во премиерниот настап во првата рунда од квалификациите во Лигата на шампионите на ЦЕВ.

Првиот натпревар нашиот првак го игра на гостински терен во периодот од 20 до 22 октомври, додека реваншот е една седмица подоцна во Македонија (27-29.10.)

Доколку ја мине првата пречка Штип во втората рунда ќе се соочи со АЦХ Волеј Љубљана. Првиот меч шампионот ќе го игра на домашен терен (3-5.11) додека вториот дуел е во терминот од 10-12 ноември.