Штип УГД немоќен во дуелот со Милано

Одбојкарите на македонскиот претставник Штип УГД претрпеа пораз од 0-3 (12-25; 14-25 и 20-25) од италијанската екипа Милано во првиот натпревар од 1/16 финалето на Челинџ купот.

Гостите од Италија важеа за фаворити и стигнаа до убедлива победа, пред сè со доминантна игра во првите два сета, кога македонскиот противник освои 12 односно 14 поени.

Во третиот сет до 9:9 се играше без поголема предност, но гостите сепак успеаја да се „одлепат“ и предноста да ја зачуваат до крајот на сетот.

Реванш натпреварот се игра на 6.јануари 2026 година.