Што ли направи?! Навивачите бесни на Донарума!

Навивачите на Милан не се воодушевени од голманот Џанлуиџи Донарума, а нервозата околу продолжувањето на договорот со клубот дополнително е зголемена и со реакцијата по убедливиот пораз од Лацио.
Милан од борба за титулата, сега стигна на позиција која не води ниту во Лигата на шампионите, на само пет кола пред крајот.
Лацио го „прегази“ на домашен терен, а по крајот на натпреварот навивачите го забележаа Донарума како во добро расположение разговара со колегата од Лацио, Пепе Реина.
Според пишувањата на Газета дело Спорт, навивачите оваа реакција ја дочекаа „на нож“, па насловот на овој познат весник гласи: „Џиџи, нема причини за насмевки.“
Договорот на голманот, кој пред неполни шест години како 16-годишен доби шанса во првиот тим, истекува на 30. јуни, а засега нема знаци дека истиот ќе биде продолжен.