Штутгарт не попушта пред понудите на Баерн за Волтемаде

Баерн Минхен, упорно се обидува да го осигура потписот на Нико Волтемаде од Штутгарт, но договор со „Швабите“ нема да биде постигнат така лесно, бидејќи клубот од Баден-Виртемберг одлучно ја одби првата понуда на баварците.
Според информациите наЈулијан Агарди од БИЛД во Штутгарт, клубот од „градот на Мерцедес“ не беше задоволен од понудата од 40 милиони евра плус дополнителни пет како бонус, па така била одбиена.
Во Штутгарт не сакаат леснсо да се откажат од фудбалерот кој летово играше одлично на Европското првенство за млади и според „Трансфермаркт“ е проценет на 30 милиони евра.
Според информациите, Штутгарт сака најмалку двојно повеќе, па поради тоа и одбил средба со претставниците на Баер.