Штутгарт постави луда сума за Волтемаде

Штутгарт ќе бара трансферна сума од околу 100 милиони евра за нивната ѕвезда Ник Волтемаде, се наведува во извештаите на бројни медиуми.

“Кикер” тврди дека раководството на клубот е “подготвено да седне на преговарачката маса” само ако потенцијалните купувачи започнат разговори со оваа сума.

Договорот на фудбалерот со Штутгарт трае до јуни 2028 година, но “Билд” и “Скај Германија” тврдат дека тој веќе ја одбил понудата за негово продолжување. Истите извори објавуваат дека Волтемаде ги договорил своите лични услови со Баерн Минхен и ако двата клуба се согласат, тогаш договорот ќе биде лесно склучен.

“Билд” дополнува дека Баварците се подготвени да ги започнат преговорите уште следната недела, но нивниот ентузијазам малку е намален бидејќи очекувале почетна цена од 50 милиони евра, а не двојно повеќе.