Штутгарт се вклучи во трката по Ендрик

Ендрик кој со големи очекувања пристигна во таборот на Реал Мадрид не добива прилика кај Чаби Алонсо, па поради тоа се очекува 19-годишникот да се пресели некаде каде што ќе има повеќе простор за игра.

Според информациите на германскиот инсајдер на „Скај Спорт“ Флоријан Плетенберг „кралскиот клуб“ е отворен за опција Ендрик да замине во Бундеслигата, каде интерес покажува Штутгарт. Весникот „АС“ пишува дека клубот што ќе го ангажира на шестмесечна позајмица ќе треба да ја покрие неговата плата од околу 1,7 милиони евра.

Сепак, Штутгарт не е единствениот заинтересиран бидејќи за Ендрик се распрашува и францускиот Марсеј, а како можни дестинации претходно се спомнуваа и ПСЖ и Јувентус. Со оглед на големата конкуренција во нападот на Реал, тешко е да се очекува дека ситуацијата на младиот Бразилец наскоро ќе се промени.