„Шумарите“ го враќаат Бенитез во Премиер лигата
Нотингем Форест кој летово рушеше рекорди и се засили со 22 фудбалери може да го отпушти менаџерот Стив Купер после очајниот старт. За наследник на Купер во овој момент фаворит е Рафа Бенитез.
Нотингем во овој момент е последен тим на табелата со само четири освоени бодови. Тоа е навистина премалку ако се знае дека потрошија 250 милиони евра на засилување. Информациите се дека започнати се преговори со искусниот Бенитез.
Последниот клуб кој Бенитез го водеше во Премиер лигата од каде што си замина лани. Претходно во кариерата работеше во Ливерпул, Челзи, Њукасл, а покрај англиските клубови ги водеше уште Валенсија, Реал Мадрид, Интер, Наполи и кинескиот Далијан Јунајтед.