Шчесни: Би се обложил дека Јилдиз ќе се бори за „Златната топка“
Голманот на Јувентус, Војчех Шчесни го пофали нивото на игра на 18-годишниот напаѓач на неговиот клуб Кенан Јилдиз.
„Би се обложил со секој дека Кенан Јилдиз ќе биде номиниран за Златната топка во следните пет години. Сум играл со многу играчи, но таков талент не сум видел. Сигурен сум дека ќе го добијам овој облог“, изјавил Шчесни за „Кориере дело спорт“.
Да потсетиме дека оваа сезона Јилдиз учествуваше на 30 натпревари од сите натпеварувања, на кои постигна пет гола и една асистенција. Актуелниот договор на играчот со клубот трае до летото 2027 година. Според информациите пазарната вредност на фудбалерот е 30 милиони евра.