Шчесни се договори со клубот на Роналдо во Саудиска Арабија
Војчех Шчесни, наводно, ги договорил личните услови за трансфер во Ал-Наср. Голманот на Јуве реши да направи промена во пресрет на новата сезона, особено откако Јувентус најави дека ќе донесе нов голман.
За Јувентус примарна цел е Микеле ди Грегорио од Монца кој ќе се пресели во Торино со договор од 18 милиони евра плус 2 милиони евра бонуси.
Шчесни се надеваше дека ќе остане во Јувентус и ќе го задржи своето стартно место, но клубот има поинакви замисли. Поранешниот играч на Арсенал е во Старата дама од јули 2017 година.