Шчешни го кочи трансферот на Донарума во Јуве

Медиумите на Апенините веќе неколку недели пренесуваат дека Џанлуиџи Донарума е пред трансфер во редовите на Јувентус. Наводно, голманот и челниците на Јувентус ќе направат финални разговори по крајот од сезоната каде треба да бидат договорени и деталите за трансферот на голманот во торинскиот клуб. Според информациите Јувентус на Донарума му понудил петгодишен договор според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона, но за реализација на трансферот има еден проблем. Имено, Јувентус мора прво да се ослободи од Шчешни за да го комплетира трансферот на Донарума, но тоа нема да биде воопшто лесно.