„Ѓаволите“ сакаат супер-засилување: Манчестер Јунајтед ќе испрати понуда за Жоао Феликс
Екипата на Манчестер Јунајтед е еден од четирите премиерлигашки клубови заинтересирани за услугите на Жоао Феликс. Португалскиот напаѓач пристигна на „Ванда Метрополитано“ за сума од 126 милиони евра од Бенфика во 2019 година. Сепак, оттогаш тој се мачи да ги покаже своите вистински квалитети.
Атлетико е подготвен да се откаже од 22-годишниот фудбалер, бидејќи тој не се вклопува добро во системот на Диего Симеоне. „Кадена Сер“ објави дека Манчестер Јунајтед е еден од четирите тимови заинтересирани за него. Ралф Рангник наводно фасциниран од потенцијалот на Феликс, чии настапи во Бенфика му ја донесоа престижната европска награда „Златно момче“ во 2019 година.