Ѓока верува во пресврт: Можеме да победиме во Словенија

Екипата на Шкендија го загуби првиот меч со словенечка Мура во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. На домашен терен тетовци загубија со 1-0, а тренерот Ернест Ѓока вели дека резултатот е таков само поради неискористените шанси на неговиот тим.
„Кога ќе пропуштиш толку шанси, јасно е дека ќе се случи ова. Статистиката вели дека сме доминирале, имавме многу шанси кои не ги искористивме. И покрај овој пораз, ќе се бориме максимално. Нема ништо да промениме, нема потреба, само треба да реализираме. Да постигнеме гол. Мислам дека добро почнавме, и тоа е вистинскиот начин за нас. Како се одвиваше мечот ние моравме да менуваме, стававме напаѓачи, го ослабевме нашиот среден ред, нашиот најсилен дел од тимот, но таквите ситуации, носат и вакви потези““, изјави тренерот на Шкендија на прес-конференцијата по мечот.