Ѓоковиќ без подготвителен турнир ќе настапи на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ, седумкратниот шампион на Вимблдон, даде кратка изјава за „Скај спортс“ за време на викендот додека присуствуваше на трката за Формула 1 во Барселона. На прашањето како ги гледа своите шанси на претстојниот турнир, тој одговори: „Добро е, едвај чекам. Се радувам на играње на трева. Оваа подлога не бара толку трчање како на земја.“

Според информациите од организаторите на лондонскиот грен слем, Ѓоковиќ донел одлука да не настапи на ниту еден подготвителен турнир на трева пред почетокот на Вимблдон. Тоа значи дека тој директно ќе отпатува во Лондон и ќе ја гради формата преку натпреварите на самиот турнир, почнувајќи од првото коло.

Вимблдон, третиот гренд слем турнир во сезоната, се игра од 29 јуни до 12 јули во Лондон. Ѓоковиќ ќе се обиде да го подобри впечатокот од претходниот настап на Ролан Гарос, каде што заврши порано од очекуваното со пораз од Бразилецот Фонсека.

Српскиот ас во моментов се наоѓа на осмото место на АТП листата, а на претстојниот Вимблдон ќе биде седми носител. Тој претходно ја освои титулата на Вимблдон во 2011, 2014, 2015, 2018, 2019, 2021 и 2022 година, а во последните две изданија беше поразен во финалето од Шпанецот Карлос Алкараз.

Оваа година на Вимблдон нема да настапи актуелниот шампион Карлос Алкараз, додека првиот рекет на светот Јаник Синер ќе има дополнителен мотив по раната елиминација на претходниот гренд слем.