Ѓоковиќ: Во животот има многу поважни работи од тенисот

Новак Ѓоковиќ зборуваше за играњето пред празни трибини. Србија лесно ја совлада Австрија со 3-0 во првото коло на Дејвис купот во Инсбрук. Лајовиќ го донесе првиот бод со победата над Џералд Мелцер, а потоа Ѓоковиќ лесно го совлада Денис Новак и донесе победа за нашиот северен сосед.

На крајот двојката Чаќиќ-Крајиновиќ победи за максимални 3-0.

Ѓоковиќ по мечот со Новак зборуваше за играњето пред празни трибини.

„Пред седум или десет дена добивме тажна вест дека нема да играме пред публика. Ова не е вест што сакавме да ја слушнеме. Публиката е основен дел од овој спорт. Ние сме бизнис на крајот од денот, забавувајќи ги и правејќи ги луѓето среќни. Ние сме спортисти, професионални спортисти кои имаат привилегија да го работат она што го сакаат и да живеат од спортот, но во исто време имаме влијание и врз публиката. Им носиме позитивни емоции, луѓе кои купуваат билети и доаѓаат да не гледаат. Секогаш мислам на тоа и затоа ме растажи тоа што ќе играме без публика. Подготвени сме на се, знаеме дека не е последен пат да играме пред празни трибини.Така е како што е. Има многу луѓе во светот кои страдаат повеќе од нас и ги разбирам. Има многу поважни работи од професионалниот спорт. Тоа е здравјето. Се молам за сите луѓе. Се надевам дека заедно ќе се извлечеме од ова“, рече Новак.