Ѓоковиќ го прекина тренингот и ги загрижи фановите

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ги загрижи своите навивачи само неколку дена пред почетокот на УС Опен, откако неочекувано го прекина тренингот во Њујорк.
Српскиот тенисер спаринг-сесијата ја имаше со Белгиецот Зизу Бергс, но на теренот помина само околу 40 минути. Во моментот кога го прекина тренингот, Бергс водеше со 3-0 во првиот сет.
Ѓоковиќ потоа го напушти теренот, а снимката од неговото заминување веднаш предизвика реакции, особено поради тоа што УС Опен започнува за само неколку дена.
Сепак, засега нема потврда дека Ѓоковиќ го прекинал тренингот поради повреда. Раното завршување на тренингот може да биде дел од неговото планирање на оптоварувањето и одмор во пресрет на последниот Грен слем турнир во сезоната.
Ѓоковиќ во Њујорк пристигна со големи амбиции. Со оглед на тоа што Јаник Синер нема да настапи, патот до неговата 25. Грен слем титула изгледа нешто полесен, а Србинот ќе се обиде да стигне до петтиот трофеј на УС Опен.
Сега останува да се види како ќе се одвиваат неговите следни тренинзи и дали денешното неочекувано прекинување било само превентивна одлука или сепак постои причина за загриженост.